–Одиме на сигурна победа зашто Прилеп е победнички, град на херои, на прогресивни луѓе. Пред четири години покажавме кој е најдобар, сега повторно ќе ја потвдиме победата со Најоброто за Прилеп, зашто Прилеп сака да оди напред, да ја живее слободата со полни гради, Прилеп е непокор, нема да дозволиме повторно да ни ја заробат државата и иднината”, рече во Прилеп заменик претседателката на Социјалдемократскиот сојуз, Сања Лукаревска.
-Во пресрет на големиот празник 11 Октомври, овде во Прилеп им се поклонуваме на хероите, на борците за слобода, кои пред 80 години знаеја да ја одберат вистинската страна. Благодарение на нив, сега сме горди наследници на придобивките од антифашистичката борба за слобода, за мир, за социјална правда и еднаквост.
Од изолирана и заробена држава станавме земја членка на НАТО.
Од сеење на страв и магла, стигнавме да бидеме рангирани како најтранспарентни во регионот.
Од ширење омраза кон соседите, сега имаме регионална соработка за пример, каква што не се памети на овие простори. Изградивме нов имиџ по кој не препознаваат. И се тоа за 4 години. Тоа се може само со многу работа. Со искрена посветеност од корен да ги менуваш работите, зашто знаевме дека поинаку нема да може.
Продолжуваме напред, прилепчани сакаат развој, модерен и уреден град. Семејниот парк, новите простори за паркирање, енергетска ефикасност на објектите за домување, хуман, зелен урбан развој, е одговор на приоритетите на жителите на Прилеп. Докажавме дека можеме најдобро, го имаме Најдоброто за Прилеп, кандидатот за градоначалник Горан Сугаревски и советничката листа на Социјалдемократскиот сојуз и коалцијата предводена од Моника Грашеска Илиеска.