-За оние кои сакаат да си одат дома, ќе им помогнеме во тоа, рече Лукашенко за време на посетата на импровизираниот мигрантски камп. Но, ние нема да ве принудуваме. Тоа не е во ред.
Лукашенко истакнал дека нема да си играат со нивната судбина.
-Ако сакате да одите на Запад, нема да ве приведуваме, да ве гушиме, да ве тепаме. Тоа зависи од вас. Оди преку, одете, рече тој.
Тој предупредил дека мигрантската криза, доколку не се реши сега, ќе стане уште поголема.
За време на неговата прва посета на границата од почетокот на кризата, Лукашенко ги посетил луѓето кои им обезбедувале храна на мигрантите и разговарал со персоналот на Црвениот крст во кампот.
Тој ги критикувал соседите на Белорусија.
-Ќе правиме што сакате, дури и ако тоа е лошо за Полјаците и Летонците, рече тој.
-Во никој случај нема да ве приведеме, да ви ги врзуваме рацете и да ве качуваме во авиони за да ве вратиме дома ако не сакате, додаде тој.
Белорусија почна да враќа некои мигранти дома, но сè уште чека одговор од ЕУ дали ќе ги примат 2.000 луѓе кои чекаат на границата.
Во понеделникот тој рече дека ќе побара од Германија да ги прими, предупредувајќи дека ЕУ не контактирала со Минск за тоа.