Белорускиот претседател, Александар Лукашенко, изјави дека заканата од нов глобален конфликт никогаш не била толку блиска, а ситуацијата во регионот се обидува да се разреши на сите можни начини, пренесе Тасс.
-Заканата од нов глобален конфликт никогаш не била толку блиска како што е денеска. Уште еднаш се обидуваат да ја минираат нашата земја, целиот наш регион, да ги дезориентираат луѓето. Тие на секој начин се обидуваат да ја разгорат ситуацијата и да ги наметнат своите правила, да го воспоставиме нивниот поредок. Поредок во кој нема да ги има ниту нашите земји, ниту нашите народи, рече белорускиот претседател на церемонијата на именување на нови генерали во безбедносните сили.
Лукашенко, исто така, посочи дека во врска со неодамнешните настани во Русија, никој не треба да се смета за херој, вклучително и тој и рускиот претседател Владимир Путин.
-Реков, во никој случај не правете херој од мене, ниту од Путин, ниту од Пригожин, бидејќи ја изгубивме контролата врз ситуацијата, а потоа мислевме дека таа ќе се реши сама од себе, но таа не се реши само од себе. И се судрија двајцата кои се бореа на фронтот. Во такви случаи нема херои во такви случаи, искоментира Лукашенко.