Лукровски со порака: Народот очекува вистински промени
По завршувањето на изборниот процес, Сотир Лукровски изрази голема благодарност кон граѓаните на општина Карпош, истакнувајќи дека народот очекува вистински промени.
„Чувствувам огромна благодарност кон сите вас, граѓаните на Карпош, кои излеговте и со својата волја покажавте дека чесноста, трудот и одговорноста се вредности што победуваат“, истакна Лукровски.
Тој додаде дека поддршката што ја добиле претставува јасна порака од народот:
„Поддршката што ја добивме е јасна порака дека народот очекува вистински промени, конкретни резултати и нова енергија во општината. Оваа доверба не ја сфаќаме како награда, туку како обврска“, рече Лукровски.
Лукровски истакна дека следниот период ќе биде фокусиран на дела, а не на зборови:
„Периодот што следува е време за дела, не зборови. Така и ќе биде!“, додаде тој.
