Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски гостува во емисијата Топ Тема на Телма Телевизија со водителката Снежана Лупевска каде ќе дискутираат на различни теми за состојбата во државата.

Лупевска на почетокот на емисијата истакна дека освен за лидерот на ВМРО-ДПМНЕ тие како како телевизија испратија покана и за актуелниот премиер Димитар Ковачевски кој како што рече таа досега не може да најде време за да гостува на Телма тв.

-Само да напоменам дека покана за интервју има и премиерот Ковачевски кој засега еве нема време за Телма телевизија,  па се надевам дека во иднина ќе најде време да гостува во Топ Тема, рече Лупевска пред почетокот на интервјуто со претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски.