Новинарката Снежана Лупевска се огласи на Фејсбук со свој став по тековните настани со етикетирање на телевизиите Телма и Алфа од страна на премиерот Димитар Ковачевски и лидерот на ДУИ, Али Ахмети.
Лупевска вели дека Ковачевски ја загрозува безбедноста на вработените во Телма и е загрозена нивната слобода на изразување. Нејзиниот став може да го погледнете во продолжение:
Наместо да го осуди поттикнувањето на говор на омраза од страна на неговиот коалиционен партнер Али Ахмети кој на партиската трибина во Гостивар без никакви факти и докази ја нарече Телма „непријатели на Албанците“ , премиерот Димитар Ковачевски ја осуди уредувачката политика на Телма напаѓајќи ја нејзината независнност. Со ова е загрозена безбедноста на вработените во Телма а истовремено премиерот Ковачевски од позиција на власт го воскресна тоа што не требаше да се повтори, етикетирање на медиуми и загрозување на слободата на изразување, вели новинарката Лупевска.
Со своја реакција се јавија и од Телевизија Телма и според нив станува збор за оркестриран напад врз Телма од премиерот Ковачевски и лидерот на ДУИ Ахмети. Целата реакција може да ја прочитате ТУКА.