Генералниот директор на Меѓународната агенција за атомска енергија (МААЕ), Рафаело Гроси, изјави дека Иран во моментов нема намера да развива нуклеарно оружје. Во изјава за Си-Ен-Ен, Гроси ја претстави последната проценка на агенцијата врз основа на собраните информации и тековниот надзор.
Според него, извештајот на МААЕ покажува дека не постојат докази за организиран обид од страна на Иран да започне програма за производство на нуклеарно оружје.
„Она што го објавивме е дека немаме доказ за систематски обид да се помине на нуклеарно оружје. Се наоѓаме во момент на посебна тензија. Тие имаат многу нуклеарен материјал. Тие немаат нуклеарно оружје во моментов. И ние мора да преговараме“, изјави Рафаело Гроси.
Изјавата на Гроси доаѓа во период на зголемени меѓународни тензии и зголемено внимание кон иранската нуклеарна програма.