Во Венецуела цивилите се обучуваат да користат оружје како дел од стратегија за одбрана на земјата, поради зголемените тензии со САД, јави ДПА.
Под слоганот „Касарните одат кај народот“, венецуелските војници ги спроведоа првите тренинзи во различни региони. Претседателот Николас Мадуро ги повика земјоделците да бидат подготвени за масовно вооружување, ако тоа стане потребно.
„Венецуелскиот народ ѝ кажа на империјата да престане да се заканува, рече Мадуро на состанок со земјоделците, нагласувајќи дека и покрај заканите од САД, народот е посилен и пообединет од кога било“, додаде тој.
Неколку дена претходно, Каракас започна голема воена вежба поради зголемените тензии со Вашингтон. Во последните месеци, американските сили напаѓале бродови јужно од САД за кои тврделе дека превезуваат дрога, при што загинале неколку лица.
Претседателот Доналд Трамп ја обвинува Венецуела за организирање трговија со дрога кон САД.