Магистралниот пат с.Ново село – Граничен премин Ново село од 17:30 часот е затворен поради сообраќајна незгода, информира АМСМ.

ОД АМСМ информираат и дека поради асфалтирање, од денеска до петок од 10 до 16 часот, во прекин ќе биде сообраќајот во двата правца на патниот правец R2335 од Подвис до Кривогаштани.

Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.