Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, но поради магла е намалена видливоста на повеќе планински премини и патни правци, соопшти вечерва АМСМ.

Според информациите, коловозите се претежно влажни, а појавата на магла ја ограничува видливоста на планинскиот премин Плетвар до 100 метри, во Крушево и на Стража до 50 метри, во Маврово до 40 метри, на патниот правец Штип – Неготино кај Серта до 50 метри, како и на правецот Тетово – село Лисец до 30 метри.

Интензитетот на сообраќајот на патиштата надвор од градските средини е умерен, а на граничните премини од македонска страна, како што информира АМСМ, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.

Од АМСМ апелираат возачите да ја прилагодат брзината на движење, да ја почитуваат сообраќајната сигнализација и да управуваат внимателно со возилата, особено на патиштата што минуваат низ котлини, речни долини и клисури, каде постои можност од појава на одрони.

Посебно внимание се препорачува на делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.

АМСМ потсетува дека во сила е законската обврска за задолжително поседување зимска опрема во возилата.