Намалена видливост и опасност од поситни одрони на одредени патни правци

Сообраќајот на државните патишта во земјава се одвива непречено, но со влажни коловози, соопштуваат од ЈП „Македонија пат“.

Намалена видливост поради магла, која понекогаш се спушта и до 50 метри, е регистрирана на планинските превои Ѓавато, Плетвар, Стража и Крушево. На некои патни правци кои минуваат низ усеци и клисури може да има поситни одрони, но тие редовно се чистат од службите.

ЈП „Македонија пат“ апелира до возачите да ја прилагодат брзината според условите на патот, да ги почитуваат поставените сообраќајни знаци и да возат внимателно, со цел безбедно движење.