Претпладне ќе има магла или ниска облачност по одделни котлини, а во текот на денот времето ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб ветер од променлив правец.

Максималната температура ќе биде во интервал од 16 до 20 степени.

Во Скопје, времето ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со слаб ветер од северен правец. Максималната температура ќе достигне до 17 степени.

Во наредните денови до петок времето ќе биде стабилно со утринска магла по одделни котлини. Нови врнежи од дожд се очекуваат в сабота.