Во градот Даниелсвил во американската сојузна држава Џорџија почина едногодишно момче откако било оставено во паркиран автомобил, а надвор било 40 степени Целзиусови.
Истрагата е во тек, а според досега објавените информации мајката ја повикала полицијата откако го нашла детето во автомобилот. Момчето е превезено во болница, но само констатирале смрт.
Мајката наводно рекла дека двете деца секој ден ги вози до две различни градинки, а овојпат заборавила да го однесе момчето.
Како што пренесува Скај њус, во Америка просечно се случуваат 38 такви случаи годишно, а ова е трет ваков случај во Џорџија годинава, втор за една недела. Минатата година во САД починаа 23 деца оставени во врели автомобили.
Во 2018 и 2019 година во вжештени автомобили починале 53 деца.