Миљана К., мајката на момчето убиец од ОУ „Владислав Рибникар“ денеска била спречена во обид да ја напушти Србија со својата ќерка, дознава српски „Блиц“.
Се обидела да пребега преку граничниот премин Прохор Пчињски, но полицијата ја привела.
Минатиот месец беше покрената истрага против Миљана К., мајка на малолетно момче кое уби девет негови врсници и чуварот на училиштето „Владимир Рибникар“, поради сомнение дека го занемарила и малтретирала момчето убиец пред делото.
Доколку се докаже дека го сторила ова кривично дело, и се заканува затворска казна до три години.
Првото основно јавно обвинителство во Белград на 23 мај соопшти дека на полицијата и било наредено да собере податоци за мајката на момчето.
На белградскиот центар за социјална работа му било наложено да изврши дијагностичка проценка на функционирањето на семејството на момчето убиец и за ова да поднесе пријава до обвинителството, како и да утврди дали наведеното семејство претходно било во евиденција на тоа тело.