Основното јавно обвинителство Скопје донесе Наредба за спроведување истражна постапка против двајца сопружници, осомничени за продолжено кривично дело – обљуба со злоупотреба на положбата, согласно член 189 став 2 од Кривичниот законик.
Според обвинителството, осомничениот очув подолг временски период ја злоупотребувал својата положба и ја наведувал на обљуба и други полови дејствија својата поќерка, девојче родено во 2009 година, кое му било доверено на чување и воспитување.
Кон делото придонела и мајката на детето, која иако знаела за случувањата, не го пријавила, ниту се обидела да го спречи осомничениот. Со тоа, според обвинителството, таа не го заштитила детето од злоупотребите, иако девојчето во повеќе наврати барало помош од неа.
Јавниот обвинител предложи за осомничениот очув мерка притвор, а за мајката мерки на претпазливост.
Во координација со Центарот за социјални работи, ќе бидат преземени активности за згрижување на трите малолетни деца од семејството, меѓу кои и жртвата.
