ОМО Илинден и ОМО Илинден Пирин испратиле барање за средба со претседателот на Република Македонија, а истото е одобрено и според информации од Кабинетот на претседателот, средбата ќе се оствари „во најбрз можен рок“.
Во своето барање Македонците од соседна Бугарија искажаа поддршка на евроинтеграцискиот процес на Мкаедонија.
-Сметаме дека постоењето на Македонци од двете страни на границата е предуслов за мост меѓу двете земји и народите во нив. Ова наше сфаќање не го делат властите во Република Бугарија, каде на ниту еден начин не сме застапени и не можеме да се изразиме. Властите во Бугарија демонстрираат ефикасна комуникација со самоидентификуваните како етнички Бугари во РСМ, што за нас е за почит, но необјаснив е односот кон нас. Пример за тоа е односот на самоидентификуваните етнички Бугари во РСМ и претседателот Румен Радев. Сметаме дека реципроцитетот би бил знак за еднаквост меѓу бугарскиот и македонскиот народ. Затоа би сакале да одредите ден и време во кое ќе нѐ примите за да ги споделиме со Вас нашите заеднички цели и напори во интерес на македонскиот и бугарскиот народ, стои во барањето на Македонците од пиринскиот дел испратено до Пендаровски.