Како што стои во соопштението од Обвинителството, осомничените, на 5 август, во автомобил со тетовски регистарски ознаки пренесувале наркотична дрога 100,49 грама кокаин и 3,2 грама хашиш. Дрогата ја пронашле полициски службеници кои го запреле автомобилот на наплатната станица Желино.
Дополнуваат дека за двајцата осомничени надлежниот јавен обвинител доставил предлог за определување мерка притвор заради можноста да се дадат во бегство, да влијаат врз сведоци или да го повторат делото. Судијата на претходна постапка го прифатил предлогот и на осомничените им определи притвор во траење од 30 дена.