„Снимете уште некоја моронска серија, каде криминалците се претставуваат како витези, малку се „Јужен ветер“ и „Клан“. Немојте никако да го тргате од телевизија Кристијан Голубовиќ. Дајте уште некоја болест како „Задруга“…“, гласи дел од моќната објава на Никола Здравковиќ која вирално се споделува.

Како што пишува Црнобело, Никола Здравковиќ е македонски новинар, со српско потекло, кој по грозоморниот чин што ја потресе Србија, каде седмоодделенец уби 8 соученици и еден возрасен, напиша моќен Фејсбук статус, кој стана вирален.

Ви ја пренесуваме неговата објава во целост:

„Снимете уште некоја моронска серија, каде криминалците се претставуваат како витези, малку се „Јужен ветер“ и „Клан“.

Немојте никако да го тргате од телевизија Кристијан Голубовиќ и слични крими карикатури, снимете уште некој документарец за другите криминалци и славете ги.

Дајте уште некоја болест како „Задруга“ и на национална телевизија да гледаме како ку*вите, простаците и примитивниот слој се пробива нагоре.

Воведете некои специјални награди за идиотите кои пеат за дрогата, криминалот, ку*вите.

Поддржете го секој дебил, кој го исмева витештвото и убавото воспитување.

И после чудете се што малите кретени и монструми меѓу нас се поприсутни од кога било, што се како темпирани бомби од кои ќе настрада некој сосема невин.

Некој кого некој родител го растел од 100 грама, му се радувал и тагувал со него, давал сè од себе за да го направи човек.

Се плашам браќа и сестри дека доаѓа време кога или они ќе нè истребат или ние нив.

Не велам да ги убиваме, туку да спречиме тие да убијат некој.

А ова што ние го правиме, не да не е спречување, туку им туркаме пиштоли во рацете“.