Македонецот Стојан Спасов, кој беше пронајден мртов во Софија, починал од срцев удар, покажал извештајот на бугарска Судска медицина. Со ова сомневањата дека е убиен се покажуваат како неосновани, а бугарското Обвинителство ја затвори предистрагата која ја покрена.
Телото на Спасов е транспортирано во Македонија. Погребот ќе се одржи утре на градските гробишта во Виница.
Инаку, Спасов беше пронајден во близина на трговски центар во Софија, лоцирана на три километри од централната пешачка улица. Тој престојувал таму изминатава година.