Дамјан Коњановски е назначен за нов заменик генерален секретар на Европските Демократски Студенти, најголемата и најстарата студентска организација во Европа.

Асоцијацијата на Европските Демократски Студенти е официјалната студентска организација на Европската народна партија, каде што членуваат 30 партии од повеќе од 20 држави од Европа.

Минатиот викенд на годишниот состанок на советот на ЕДС во Барселона беа избрани два потпретседатели како и заменик генерален секретар.

За заменик генерален секретар беше назначен Дамјан Коњановски, член на извршниот комитет на Унијата на млади сили на ВМРО – ДПМНЕ. Неговиот избор земајќи ја во предвид специфичната политичка состојба во која се наоѓа Македонија, е уште една можност вистината за Македонија да биде претставена во меѓународни рамки!

Унијата на сили на ВМРО – ДПМНЕ оваа високата позиција ја добива во последните 15 години во рамки на официјалната студентска организација на ЕПП.