Репрезентацијата на Македонија без многу мака дојде до првата победа во Лигата на нации со 2-0 славеше на гостувањето кај Гибралтар во рамки на 2.коло.
Македонските фудбалери одиграа рутински натпревар и славеа без преголеми проблеми. Селекторот Благоја Милевски имаше неколку измени во тимот, а им даде шанса за деби на дефанзивецот Никола Серафимов и голманот Дени Илиев.
Водство на Македонија и донесе Енис Барди во 21.минута по еден прекрасен соло продор во противничкиот шеснаесетник. Вториот гол за нашиот тим беше дело на Бобан Николов во 84.минута