Со усвојување на Законот за прогласување на дел од Шар Планина за заштитено подрачје во категорија II, односно за Национален парк, нашата држава го доби четвртиот национален парк по прогласувањето на последниот во 1958 година и прв од прогласувањето на независноста.
Земајќи ги предвид специфичните природни убавини, богатиот и ендемичен растителен и животински свет, геодиверзитетот, хидролошките карактеристики и пејзажните и пределните вредности, Шар Планина ги исполни критериумите да биде прогласена за заштитено подрачје од втора категорија – Национален парк. Историски момент, по шеесет години земјата доби нов Национален парк.
Со законот се поставува основата за зачувување, унапредување и одржливо користење на природните богатства за научно истражувачка, културна, воспитно-образовна, туристичко-рекреативна и друга намена.
Вкупната површина на Националниот парк Шар Планина изнесува 54 215 хектари, што претставува 13,2 отсто од севкупната територија на Македонија.
Во националниот парк Шар Планина се востановуваат следните зони: зона за строга заштита, зона за активно управување, зона за одржливо користење и заштитен појас.