Како што велат за МИА од МАТТО, предвидени се билатерални средби со бизнис заедницата од Едрене, а посетата е во рамки на запознавање со деловната и инвестициската клима во Република Македонија, како и можност за соработка во повеќе сектори.
Меѓу компаниите ќе доминираат оние од земјоделско-прехранбениот сектор.
Во периодот јануари – август 2021 година земјава остварила вкупна трговска размена со Република Турција во вредност од 472 610 000 американски долари што е за 46,1 отсто раст во споредба со истиот период лани. Извозот во Турција изнесува 90 525 000 долари што е зголемување за 57,4 проценти, а увозот е зголемен за 43,6 отсто и изнесува 382 085 000 долари.
Турција е седми трговски партнер на Република Македонија, по Германија, Велика Британија, Грција, Србија, Кина и Бугарија.
Трговската размена по производи покажува дека во извозот најголемо е учеството на катализатори на носачи со благородни метали или нивни соединенија, сетовите на проводници за палење, за возила, авиони или бродови, деловите на седишта и фероникелот.
Во увозот се најмногу застапени другите метали од платинската група и нивни легури, необработени или во облик на прав, керамички производи за лабораториска, хемиска и индустриска употреба, платината и легурите на платина, нафтените масла и маслата добиени од битуменозни минерали (освен сурови)