Македонија избира претседател

Се гласа од 7 часот утрото, па се до 19 часот вечерта. Утрово започна гласањето на првиот круг од претседателските избори, а отворени се 3.480 избирачки места во земјава. Правото на глас можат да го искористат 1.814.317 граѓани.

Во трка се седум кандидати:

Под број еден е актуелниот претседател и кандидат од редовите на СДСМ – Стево Пендаровски. Бројот два го има најголемиот фаворит за претседател кој е поддржан од ВМРО-ДПМНЕ, реномираната професорка Гордана Силјановска-Давкова. Претседателот и кандидат на ГРОМ кој пред само неколку дена се најде на црната листа на САД, Стевчо Јакимовски ќе настапи под бројот три. Под број четири е кандидатот на ДУИ и актуелен министер за надворешни работи, Бујар Османи. Под број пет е Билјана Ванковска-Цветковска, доаѓа од редовите на Левица. Под број шест е Арбен Таравари од коалицијата Вреди од албанскиот опозициски блок. На крајот, под број седум е лидерот на Движењето „За наша Македонија“ и актуелен градоначалник на Куманово, Макисм Димитриевски.

Претседателски кандидати

Седми претседателски избори

Овие избори следат по низа турбуленции. Изборите ги следат илјадници домашни и странски набљудувачи. Ова се седми по ред претседателски избори. По два мандата имаа првиот претседател Киро Глигоров и Ѓорге Иванов, а по еден мандат имаа Борис Трајковски и Бранко Црвенковски. Актуелниот претеседател Стево Пендаровски има еден мандат, а сега повторно е на гласачкото ливче.