Во земјава денеска се одржа вториот круг од Локалните избори 2025. Во 19 часот се затворени сите избирачки места. Се бираа градоначалници во 32 општини и во Градот Скопје, а за советници ќе се прегласува на три избирачки места во Шуто Оризари. Паво на глас во вториот круг на изборите имаа 1 013 375 гласачи. Од нив право на глас во Град Скопје имаа 474 304 избирачи.

Во главниот град во општините Центар, Аеродром, Карпош имаше две ливчиња за гласање бидејќи се избира градоначалник на Скопје и на локалната самоуправа, додека во Шуто Оризари на три гласачки места се гласаше за градоначалници и имаше прегласување и за советници. Во останатите општинисе гласа само за градоначалник.

Ова се осми Локални избори во земјата, а четврти на кои избираат градоначалници и советнички листи во 80 општини и Градот Скопје.

На Локалните избори 2025 вкупно учествуваат (прв и втор круг) 22 партии, 19 коалиции и 119 групи на избирачи односно независни кандидатури.

Се очекуваат првите резултати, како од партиските штабови, така и од ДИК.