Вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски оствари средба со Мохамед Али Рашед Лута, претседател и главен извршен директор на Стопанската комора на Дубаи, како и со претставници од бизнис секторот од Дубаи.
На средбата се разговараше за зајакнување на соработката во транспортот и инфраструктурата, можност за воспоставување на нови авиолинии, како и потенцијални инвестиции во недвижности, туризмот и енергетиката.
Николоски истакна дека Македонија останува посветена на својот инфраструктурен развој, како и на унапредување на секторите туризам, земјоделство и енергетика, со цел привлекување на странски инвестиции и јакнење на економската соработка со Дубаи.