Министерството за правда соопшти дека помеѓу двете држави постојат тесни економски, политички, културни и други врски, поради кои е потребно олеснување на постапките пред институциите на двете држави.
– Со склучувањето на овој договор се воспоставува и дипломатскиот пат на комуникација, кој ќе овозможи побрза и поефикасна граѓанска постапка и ќе се овозможи директна комуникација меѓу надлежните органи на двете држави за побрз одговор и од двете страни, без претходно процедурите да минуваат преку двете министерства за правда, наведува Министерството.