Македонските ракометарки и денеска беа подобри од Велика Британија со убедливи 34-19 во вториот меѓусебен меч кој се одигра во Автокоманда.

Женската репрезентација доминираше во натпреварот против В. Британија и го доби првото полувреме со 16-5, додека во вториот дел ја обезбеди победата со 34-19.

Македонија славеше против В. Британија и во вчерашниот натпревар со поубедлив резултат, односно 36-17.