Премиерот Христијан Мицкоски кој деновиве е во посета на Вашингтон се сретна со заменик помошник секретар за Западен Балкан Александар Касаноф.
Состојбите во државата, европските интеграции и препреките кои се соочува нашата земја по тој пат, биле темите на разговор меѓу Мицкоски и Касаноф.
Остварив средба со Александар Касаноф кој е заменик помошник секретар за Западен Балкан, како и за печат и јавна дипломатија во Бирото за европски и евроазиски прашања на Стејт департментот, објави на својата Фејсбук страница премиерот на Република Македонија Христијан Мицкоски.
Разговаравме за состојбата во државата, европските интеграции и препреките со кои се соочува земјава на тој план.
Имаме идеја, имаме план, Македонија има пријатели!, пишува премиерот Мицкоски во својата објава.