Во Берово утрово -14 степени
Утрово најниска температура е измерена во Берово, каде што достигна -14 степени, додека најголема снежна покривка е забележана на Попова Шапка со 32 сантиметри снег.
Темпаратурите утрово низ цела Македонија
Според податоците до 8:30 часот, температурите низ државата се следни:
- -13 степени во Попова Шапка и Маврови Анови
- -12 степени во Крушево и Крива Паланка
- -10 степени во Скопје-Петровец, Претор, Прилеп, Штип и Куманово
- -9 степени во Велес, Скопје-Зајчев Рид, Тетово и Демир Капија
- -8 степени во Струмица, Виница, Претор и Кавадарци
- -6 степени во Охрид
- -4 степени во Гевгелија
Што се однесува до снежната покривка, во Маврови Анови е измерена висина од 8 сантиметри, додека во Крушево е еден сантиметар.
Максимална температура 9 степени
Во текот на денот се очекува сончево време со слаб ветер од северен правец. Максималните температури ќе се движат од 0 до 9 степени. Во Скопје времето ќе биде сончево со слаб северозападен ветер, а максималната температура ќе достигне 7 степени.