Четворица олимпијци ќе ги бранат боите на Македонија
Македонскиот олимписки тим е целосно подготвен за Зимските Олимписки игри 2026 во Кортина, Милано, Италија. Нашата земја ќе ја претставуваат четворица спортисти кои ги исполнија квотите за учество.
Во нордиско трчање, Ана Цветановска ќе се натпреварува во женска конкуренција, а Ставре Јада во машка, на спринт и интервал трка на 10 километри. Во алпско скијање, Јана Атанасовска и Мирко Лазаревски ќе настапат на слаломската и велеслаломската трка.
Македонскиот олимписки комитет потврди дека сите спортисти се подготвени за предизвикот. Се очекува во наредните денови да бидат објавени точните термини за настапите на македонските олимпијци на ЗОИ 2026.
