Новиот амбасадор во САД Зоран Попов го помина филтерот на собраниската Комисија за надворешни работи. По барање на МНР, тој зад затворени врати, рефереирапе пред пратениците поради доверливиот карактер на информациите. Неговото излагање можеа да го проследат само парламентраците кои поседуваат безбедносни сертификати.
Македонија повеке од 4 години немаше амбасадор во Вашингтон, а за пополнување на ова место имаше повеќе предлози, но и шпекулации дека канидаатите не и допаѓаат на американската страна. Попов на амбасадорската функција доаѓа од местото државен секретар во МНР.
Своите тези пред комисијата денеска требаа да ги престават и Агрон Буџаку кој треба да биде дипломатски преставник во Канда, како и новите амбасадори за Норвешка – Дритон Куќи, Белгија – Методија Белевски и Словачка – Евгенија Илиева. Сепак распаравата за нив беше одложена.
Во наредниот период треба да се пополнат уште неколку испразнети амбасадорски места, меѓу кои Франција, Бугарија и Турција, каде ќе заминат Виктор Димовски , Агнеса Руси и Јован Манасијевски.
На седницата на собраниската Комисија за надворешна политика едногласно беа усвоени Предлог-законите за ратификација на НАТО протоколите за Шведска и Финска.
Предлог-законите за ратификација на протоколите треба утре да се најдат на пленарна седница.