За само една година, Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ, покажа и докажа дека умее да го зголеми бројот на туристи во државата. 11 месеци беа потребни за Владата да успее да договори комплетно нови 16 авиолинии кои ќе патуваат од аеродромите во Скопје и Охрид.

Од скопскиот аеродром ќе имаме нови 5 директни линии, од ноември ќе се патува од Скопје до Мадрид и Стокхолм, а од декември до Прага, Бари и Келн. Кога овие 5 ќе ги додадеме на претходните 11, а тоа се од Скопје и Охрид кон Барселона, Лион, Париз, Женева, Истанбул, Амстердам, Дубаи, Штутгарт, Ларнака и Базел.

Македонија квалитетно се поврзува – цела Европа на дланка!

Македонија квалитетно се поврзува со цела Европа, но и со светот. Многу дестинации за кои мораше да се менуваат по два или три авиони и дополнителен трошок, сега се достапни од Скопје и Охрид во директен лет.

Зголемување на бројот на патници се гледа веќе во првата половина од оваа година, каде што вкупно на двата македонски аеродроми се превезени 1,5 милиони патници, што е за 5% од скопскиот аеродром и 11% од охридскиот аеродром.

Покрај овие нови авиолинии, исто така зголемување на бројот на туристи се добива и преку поддршката на чартер летовите и промените на политиката за субвенции. На скопскиот аеродром дневно имаме по 200 туристи од Германија, Франција и Англија, додека пак од октомври додатни два авиона ќе слетуваат на охридскиот аеродром со што ќе се дојде до бројка од 400 туристи дневно.

Споредбено со мај минатата година, оваа година имаме 20% повеќе туристи или во бројка околу 101 илјади туристи. Секојдневно има околу 60тина дестинации кои патуваат од Скопје и Охрид до европските и светските метрополи.

Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ ги гради темелите на промените!