Македонија е рангирана на 38. место од вкупно 180 земји во светот според Глобалниот индекс за слободата на медиумите на „Репортери без граници“.

Земјава бележи скок од 19 места во однос на 2022 година и е најдобро позиционирана во регионот на Западен Балкан, пред Црна Гора (39), Хрватска (42), Косово (56), Босна и Херцеговина (64) и Србија (91) и Албанија (96).

„Репортери без граници“ во извештајот за  Македонија, наведуваат дека иако новинарите не работат во непријателско опкружување, раширените дезинформации и недостигот на професионализам придонесуваат за опаѓање на довербата на општеството во медиумите, што ги изложува независните медиуми на закани и напади.

Продолжува и тенденцијата, владините функционери да имаат лоши и понижувачки ставови кон новинарите.

Целиот извештај во прилог.