Како што појасни владината прес-служба, станува збор за продемократско население кое е во опасност од талибанските власти, а за кои Македонија им обезбеди привремен престој до заминување во трета држава. Со ова земјава ја продолжува активната улога во меѓународната операција за помош на граѓаните на Авганистан.
– По слетувањето беше спроведена стандардната процедура со безбедносна проверка и заштита и ПЦР тест. Овие цивили ќе бидат привремено сместени во Скопје, а трошоците во целост се покриени од Обединетите Нации, се наведува во соопштението.
Во земјава во моментов престојуваат 568 граѓани на Авганистан за кои институциите се ангажирани со сета поддршка и помош. Од Македонија до сега заминаа 85 граѓани на кои траен престој им обезбедија Франција, Грција, Ирска, Португалија, Бразил и САД.