Поштенскиот систем во нашата земја престана да функционира, од саботата А.Д. Македонски пошти не издава препорачани пратки.

На граѓаните им стигнале картончиња за препорачани пратки на нивните домашни адреси, но кога одат на шалтерите во Пошта од таму ги враќаат и им велат дека не им функционира компјутерскиот систем и токму затоа не можат да ги издаваат препорачаните пратки.

-Од саботата залудно се обидувам да ја подигнам препорачаната пратка од пошта. Велат компјутерскиот систем не функционира и не може да ми ја издадат пратката, вели граѓанин кој го затекнавме пред поштата во Центар.

Во исто време, нашиот соговорник се плаши дека може да остане без својата пратка.

-На картончето кое ми стигна пишува дека пратката треба да ја подигнам во рок од 8 деназќ, трет ден не можам да ја подигнам, се плашам дека истата ќе се врати назад, вели граѓанинот.

Според информациите на Лидер системот е паднат и не функционира во цела држава и препорачани пратки од саботата па наваму не се издаваат.

Не функционира ни веб страницата на А.Д. Пошта на Северна Македонија.

Дали станува за хакерски напади, технички проблем или некадарност, од Пошти не одговараат. Само јасно е дека во 21 век Македонија е оставена без пратки.