Костадин Ацевски, директорот на „Македонија пат“ денеска претпладне објави дека сите магистрални и регионални патишта се исчистени и проодни.
„После многу снег, паднати дрва, летни гуми, тешки товарни возила без зимска опрема, непочитување на забрани…
Македонијапат дежурни секогаш и за се!!!“, објави првиот човек на Јавното Претпријатие за одржување и заштита на магистрални и регионални патишта на социјалните мрежи.
Од ВМРО-ДПМНЕ го обвинија директорот на „Македонија пат“ Костадин Ацевски, дека повторно го изненадил снегот во ноември. Го повикаа да не се крие, туку да си поднесе оставка.
„Половина Македонија беше затрупана од првите снежни врнежи за оваа година, затоа што „Македонија пат“, како 6 години до сега со СДС на власт ни во доцна есен и зима не е спремна за чистење на патиштата од снежни врнежи.
Десетици граѓани вчера беа заглавени по патиштата, а Стража и Маврово беа целосно непроодни.
А, само пред неколку дена Ацевски на социјалните мрежи ја опиша состојбата со снежните врнежи како забава која може да започне. Додека тој се забавува, народот седи заглавен во своите возила на патиштата низ државата, затоа мора да има одговорност. Оставка веднаш“ порачаа од ВМРО-ДПМНЕ.