Утрово Македонија е под снег.
Според видео камерите на сајтот „Ski Macedonia“ јасно се гледа дека речиси сите планини и повисоки места во земјава се под снег.
Снег утрово има, а и се уште врне на Попова Шапка, Маврово, Пониква, Нижополе и Копанки.
Снег има и во Крушево, а метеоролозите нови врнежи на снег најавуваат за во следните денови, особено почнувајќи од среда.