„Земјите кандидати С. Македонија, Црна Гора, Србија и Албанија и Европската асоцијација за слободна трговија (ЕФТА), Исланд, Лихтенштајн и Норвешка, членки на Европската економска област, се приклучуваат на оваа одлука на Советот“, се вели во соопштението од Советот.
Инаку, на 21 јуни Советот ги воведе казнените мерки кон 78 белоруски државјани и седум правни лица, поради „тешко кршење на човековите права и репресија врз граѓанското општество, опозицијата и новинарите“, како и поради принудното приземјување на авион во Минск, за да се уапси опозициски блогер.
Шефот на дипломатијата на ЕУ, Жозеп Борел, денеска го поздрави усогласувањето на третите земји со одлуката на Советот на ЕУ од 21 јуни, со која на списокот на оние кои подлежат на рестриктивни мерки се додадени 78 државјани на Белорусија и седум правни субјекти.
Меѓу лицата кои беа санкционирани според четвртиот пакет има голем број судии и обвинители одговорни за бројни политички мотивирани пресуди, против новинари, активисти и демонстранти, како што е објаснето во одлуката на Советот.
Целта на санкциите беа и неколку прорежимски новинари на медиуми, ректори на повеќе универзитети за протерување студенти кои учествувале на протестите и бројни бизнисмени за блиски врски со режимот на Лукашенко.