Тимот на Шериф денеска ждрепката го смести во група со фаворитот Реал Мадрид, тука е Интер, но и непредвидливиот Шахтјор.

Несомнено тоа ќе биде неверојатно искуство за македонскиот интернационалец доколку се најде во составот против овие силни екипи и гиганти.

Како што потврди деновиве селекторот на македонската репрезентација, Благоја Милевски, Бобан Николов е моментално позитивен на Ковид19, по што останува неизвесно дали ќе биде дел од квалификациските мечеви кои и претстојат на нашата репрезентација.