Како што е најавено во Виена, со уредба која стапува во сила в четврток, граѓаните на сите земји од Западен Балкан ќе можат да влезат во Австрија.
Патниците кои пристигнуваат од земјите на „зелената” листа можат да влезат во Австрија без карантин доколку имаат сертификат за извршена вакцинација, со вакцини признати од Европската агенција за лекови (Фајзер, Астра Зенека, Модерна и Џонсон и Џонсон) и Светската здравствена организација (кинеските Синофарм и Синовак).
Руската вакцина Спутник В не е прифатена од австриските власти.