Економскиот раст во Западен Балкан се забрза во вториот квартал од 2026 година, и покрај неповолната меѓународна средина. Пондерираната просечна стапка на раст на производството во регионот се зголеми на 3,6% на годишно ниво, од 3,2% во претходниот квартал, според најновиот извештај на Европската комисија (ЕК) за економскиот напредок на земјите-кандидатки за членство во ЕУ.
Тоа е најбрзиот раст од вториот квартал од 2024 година.
Највисока стапка на раст во регионот има во Македонија од 3,1 на 4,3%.
Според ЕК, забрзувањето беше поттикнато од посилниот раст во Србија, најголемата економија во регионот, каде што растот на производството се зголеми од 3,2 % на годишно ниво на 3,8% во вториот квартал од 2026 година.
Во Црна Гора растот порасна од од 2,5 на 3,8%, а во Босна и Херцеговина од 2,3 на 2,4%.
„Во Косово, растот на БДП забави во споредба со претходниот квартал, но сепак беше силен и изнесуваше 4,1% на годишно ниво, додека во Албанија остана претежно стабилен на 3,6%“, се наведува во извештајот.
ЕК оценува дека економскиот раст првенствено беше поттикнат од потрошувачката на домаќинствата и инвестициите.
ЕК потсети дека просечната годишна инфлација во овој регион се забрза на 4%во вториот квартал, од 3,2% во претходните три месеци.
Инфлацијата на потрошувачките цени продолжи да расте во одредени економии од регионот и во текот на третиот квартал. Таа се движеше од 2,5% на годишно ниво во Македонија до 7,2% во Косово.
„Инфлацијата беше главно поттикната од повисоките цени на храната, транспортот и енергијата. И покрај сè поизразените инфлаторни притисоци, централните банки кои имаат независност во водењето на монетарната политика ги задржаа референтните каматни стапки непроменети во текот на третиот квартал од 2026 година“, наведе ЕК.
ЕК потсети дека фискалните трендови во текот на тековниот дел од 2026 година укажуваат на влошување на фискалните биланси.
„Во осумте месеци од 2026 година, годишниот раст на приходите беше генерално силен низ целиот регион, но беше надминат од уште побрз раст на расходите, освен во Албанија. Растот на расходите беше поттикнат од нагло зголемување на капиталните расходи во Црна Гора, Македонија и Србија“, се наведува во извештајот.
Оттаму се додава дека последицата е поголем фискален дефицит во Македонија и Црна Гора во споредба со истиот период од претходната година.
Србија оствари умерен дефицит, по избалансиран буџет, за разлика од Албанија, забележа поголем фискален суфицит, додека суфицитот на Косово беше помал од претходната година.
