Премиерот Димитар Ковачевски денеска повтори дека македонска делегација ќе оди во Ватикан по повод 24 Мај, Денот на сесловенските просветители и учители Кирил и Методиј.

-Да, има делегација од нашата држава која ќе оди на одбележувањето на 24 Мај во Рим. Ќе имаме наша делегација која ќе патува таму како македонска, рече Ковачевски.