Лекторатот по македонски јазик во Будимпешта, Институтот унгарски вина и Балкан-инфо вчера во Будимпешта организираа дегустација на македонски вина.Настанот беше реализиран во соработка со Здружението „Вина од Македонија“ и со поддршка од Амбасадата на Северна Македонија во Будимпешта.
Како што соопшти организаторот, присуствуваа голем број познавачи на вина и се дегустираа 14 видови вина од винариите Стоби, Тиквеш, Попова кула и винарија Лазар.
На настанот говореа организаторите Златко Панзов, Јожеф Кризманич и Тамаш Калцакос.
Лекторот Панзов истакна дека се радува на ваквите можности кога во Унгарија се презентираат делови од македонската култура.
-Особено што оваа година и има што да се прославува, имено Лекторатот по македонски јазик во Будимпешта го чествува својот јубилеј 35 години македонски јазик на Универзитетот ЕЛТЕ, рече Панзов.
Настанот беше и вовед во винската тура низ Македонија што ќе се реализира од 6 до 9 октомври организирана од Институтот унгарски вина и Балкан-инфо.