Македонската и грчката поилиција ноќеска во заедничка акција успеале да спречат шверц на 40 килограми марихуана, која преку жичаната ограда на границата меѓу двете држави ја префрлиле двајца албански државјани, соопшти денеска Министерството за внатрешни работи.

За шверцот на дрогата се осомничени двајца албански државјани, кои биле забележани од екипа на македонската гранична полиција во моментот кога ја префлиле марихуаната, спакувана во две торби, преку жичаната ограда на граничната линија меѓу двете држави.

Како што информираат од Министерството за внатрешни работи на земјава, станува збор за втора ваква заедничка акција на полициите на двете држави од почетокот на август.

Обидот за шверц на дрогата од македонска на грчка територија, се изјаловил кога двајцата осомничени биле забележани од припадници на македонската гранична полиција од Регионалниот центар „Југ“.

Имано, како што информираат од Министерството, вчера околу 23:30 часот граничните полицајци забележале две лица кај местото викано Вршник Бара, непосредно покрај граничната линија со Грција, како од територијата на земјава исфрлиле две торби преку жичаната ограда на грчка територија, а потоа и самите ја преминале граничната линија.

Поради сомнеж дека во торбите се пренесува марихуана, екипите од Регионалниот центар „Југ“ веднаш се коордирале со колегите од одделот за криминалистичка полиција од секторот за недозволена трговија со дрога, оружје и опасни и ја известиле службата за дрога на Грција со седиште во Килкис (Кукуш) и граничната полиција на соседната земја.

„Како резултат на заедничките и координирани активности на полициските службеници од двете земји за кусо време се пронајдени двете торби во кои биле сместени околу 40 килограми марихуана“, се наведува во соопштението на МВР.

По кратко време биле уапсени и двајцата албански државјани – В.Х.(36) и Е.Џ.(52), кои биле задржани од грчката полиција за натамошна постапка.