Едното лице се товари за фалсификување пари од член 268 став 1 во врска со член 45, додека другото за помагање при извршување на кривичното дело.

Двајцата, во текот на септември лани, во продавници, аптеки и маркети во Гостивар употребиле фалсификувани банкноти од по 50 евра за да купат одредени производи. Вработените веднаш не ја забележувале разликата, со што на секое од правните лица му била нанесена штета во износ од по 3 050 денари.

Едно од осомничените лица ги набавил лажните банкноти и му ги дал на другото лице да пазари. Притоа го возел до одредените локации и го чекал надвор од наведените места, соопштија од ОЈО.