Македонскиот тенисер Берк Бугариќ е обвинет за силување во сојузната државата на САД, Јута. 21-годишниот Берк е тенисер за атлетскиот тим на Универзитетот во Јута. Неговото одење во САД по македонските медиуми беше опишано како историски успех затоа што има целосна стипендија, но наместо успех тој сега е обвинет за тешки кривични дела.

Шест кривични дела: Обвинувања за силувања и сексуално насилство

Македонскиот тенисер Берк Бугариќ, член на универзитетскиот тениски тим на Универзитетот на Јута, се соочува со сериозни кривични обвиненија за силување и други сексуални обвинувања. Канцеларијата на јавниот обвинител на округот Солт Лејк поднесе вкупно шест обвиненија, сите класифицирани како тешки кривични дела од прв степен.

Според обвинителниот акт, инцидентот се случил на 16 ноември 2024 година, кога Бугариќ и група пријатели, меѓу кои и оштетената, идентификувана со иницијали А.А., излегле заедно во бар, а потоа продолжиле во неговиот дом.

„Предупредив дека не сакам сексуален однос, но тој продолжи“

Американските медиуми пренесуваат дека судските документи стои дека двајцата влегле во спалната соба на Бугариќ каде започнале да се бакнуваат.

„Тој почна да ми ги откопчува панталоните, но јас му кажав дека не сакам да имаме секс“, сведочела оштетената во својата изјава.

И покрај тоа, според обвинението, Бугариќ пробувал да ја силува, а таа постојано му кажувала да престане. Оваа вест ги бранува американските медиуми, а ја објави и реномираниот Фокс.

Без право на кауција: судот издаде потерница

Судот издал потерница за апсење на Бугариќ без право на кауција. До среда попладне, тој сè уште не бил евидентиран во затворскиот систем на округот Солт Лејк.

Универзитетот на Јута: „Обвинетиот повторно е суспендиран“

• „Свесни сме за кривичните обвиненија поднесени против студентот-атлет од машкиот тениски тим. Веднаш штом во ноември 2024 година беше пријавена првата обвинувачка изјава, Одделот за спорт на Универзитетот го суспендираше студентот“, изјави портпарол на Универзитетот за Gephardt Daily.

Бугариќ бил повеќекратно државен првак во Македонија

Инаку. Бугариќ бил државен првак во тенис во категорија до 12, 14, 16 и 18 години. Своевремено тој бил најавуван како голема надеж за македонскиот спорт. Сепак, евидентно е дека веројатно неславно ќе заврши неговата кариера во Америка.