На десет семејства од Македонија со деца денеска им беше прекинат одморот во хотелот Gerakini Sitonia vilage во Грција бидејќи како што тие тврдат, агенцијата со која патувале „ЈК травел“ не ги подмириле сметките.
Дека агенцијата немало целосно платено за аранжманите ни потвдија и дел од оштетените туристи. Аце Стојковски раскажува низ што поминале денеска.
Се вративме од плажа кога ни кажаа дека мора да го напуштиме хотелот иако имаме платено до недела. Проблеми имаше уште кога пристигнавме. Дојдовме четири фамилии но сместување имаше само за две. Ја контактиравме агенцијата но никој не се јавува-објаснува Стојковски за „Република“.
На прашањето каде ќе ја поминат ноќта велат -надвор пред хотелот.
Откако информацијата се прошири по медиумите, со реакција се јавија од посочената агенција.
Оттаму велат дека се работи за недобразбирање.
Не им се откажани аранжманите. Се работи за недоразбирање. Туристите ќе спијат во хотелот не само вечерва туку до крајот на одморот до недела. Никој не беше исфрлен туку таква порака добиле од менаџментот на хотелот. Повторувам се работи за недоразбирање-велат за „Република“ од „ЈК травел“.
Претходно десет семејства стравуваа дека ноќта ќе ја поминат на улица наместо во хотелот Gerakini Sitonia vilage бидејќи добиле порака да го напуштат.