Меѓународната воена вежба „Заеднички предизвик 23“ ќе се одржи во Црна Гора од крајот на јануари до средината на февруари. Министерството за одбрана соопшти дека вежбата чиј домаќин ќе биде Армијата на Црна Гора, ги обединува вооружените сили на повеќе земји, јави РТЦГ.
Активностите за време на вежбата ќе се изведуваат на територијата на општина Колашин.