Македонскиот амбасадор во Албанија, Данчо Марковски денеска е повикан на итни консултации кај министерот за надворешни работи Тимчо Муцунски во врска со резултатите од пописот во Албанија, откако МНР најави дека со него планира да ги прецизира недостатоците и недоследностите во пописниот процес, како и разгледување на можностите за соодветна корекција на направените пропусти и изнаоѓање на најадекватни начини за понатамошно заедничко дејствување и унапредување на билатералните односи со Република Албанија.

Претходно Министерството за надворешни работи изрази сериозна загриженост за објавените прелиминарни резултати од Пописотодржан во Република Албанија во 2023 година.